Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска се воспоставени на 16.12.1993 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Договор меѓу Македонската Влада и Данската Влада за консолидација на долгот на Македонската Влада кон Данската Влада“
- склучен во Скопје 23 јули 1996 година
- во сила од 11 февруари 1997 година
2. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска за меѓународен патен превоз на патници и стока“
- склучена во Копенхаген на 9. Септември 1997 година
- во сила од 3 декември 1997 година
3. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Данска за заемна соработка во царинските работи“
- склучена во Скопје на 17 февруари 1998 година
- во сила од 24 август 1998 година
4. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска“
- склучена во Копенхаген, на 20 март 2000 година
- во сила од 31 мај 2000 година
5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
- склучен во Копенхаген, на 20 март 2000 година
- во сила од 14 декември 2000 година
6. „Договор помеѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска за преземање на сопствени државјани и странци кои незаконски престојуваат на териториите на договорните страни“
- склучен во Копенхаген на 23 јуни 2006 година
- во сила од 08 октомври 2007 година
7. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Кралството Данска за поттикнување и заемна заштита на инвестиции “
- склучен во Копенхаген на 08 мај 2015 година
- во сила од 30 јуни 2016 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба за уредување на листата на договори склучени од поранешната СФРЈ и Кралството Данска кои ќе останат во сила меѓу РМ и Кралството Данска“
- склучен преку размена на ноти на 17.03.2000 година
2. „Меморандум за разбирање и соработка во областа на заштитата и спасувањето на луѓе и материјални добра од природни и други катастрофи меѓу Владата ба Република Македонија - Дирекцијата за заштита и спасување и Данската Агенција за справување со кризи (DEMA)“
- склучен во Скопје на 16 септември 2010 година
Договори преземени преку сукцесија
1. „Договор за помирување, арбитража и судско решавање меѓу Кралството Југославија и Кралството Данска“
- потпишан на14 декември 1935 година
2. „Договор за визи меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Кралството Данска “
- потпишан на 6 мај 1964 година
- во сила од 01.07.1964
3. „Договор за културна соработка меѓу СФРЈ и Кралството Данска“
- потпишан на 12 октомври 1970 година
- во сила од 14.07.1971
4. „Спогодба меѓу СИС на СФРЈ и Владата на Кралството Данска за економска, индустриска и техничка соработка“
- потпишан на 20 мај 1981 година
5. „Конвенција за социјално осигурување меѓу СФРЈ и Кралството Данска“
- потпишана на 22 јуни 1977 година
6. „Договор помеѓу СФРЈ и Кралството Данска за заемен трансфер на осудени лица за нивно отслужување на казни“
- потпишан на 28 октомври 1988 година
- во сила од 06.05.1989 година